КОНТРОВЕРЗНАТА РАПЕРКА СЕ НАДМИНА СЕБЕСИ Роденденски подарок на сопругот – два милиони евра (ВИДЕО)

На прославата на 30-тиот роденден на нејзиниот сопруг, на Офсет му подарила чек од два милиони долари.

488

Контроверзната раперка Карди Би и нејзиниот сопруг, уште поконтроверзниот рапер Офсет, се познати како многу дарежливи луѓе, поради што секоја година успеваат во намерата да ја шокираат јавноста со подароците што си ги подаруваат за роденден, секако еден на друг.

Тоа секако беше случај и оваа година, а Карди сега се надмина себеси. На прославата на 30-тиот роденден на нејзиниот сопруг, на Офсет му подарила чек од два милиони долари.






Имено, во видеоснимата од примопредавањето на мега-чекот, Карди напоменува дека Офсет има „многу деловни потфати“ во текот на следната 2022 година, пред да извика:

„Значи, донесете го роденденскиот подарок!“


Откако му го врачиле мега чекот, Офсет во неверување извикал: „Ова се два милиони долари, два милиони долари“.

Покрај мега-чекот, Карди била задолжена и за организирање на гламурозната забава, за која дополнително потрошила баснословна сума.

Поврзани содржини