КОНСТРАКТА СО НОВА ПЕСНА ГО ОТВОРИ СРПСКИОТ „ЕВРОСОНГ“ Настапи во ревијалниот дел (ВИДЕО)

Станува збор за песна во три дела: „Депресивна сум“, „Аксиозна сум“ и „Обеќај ми“, која истата вечер доби спот, кој е објавен на Јутјуб.

289

Минатогодишниот претставник на Србија на Евровизија Констрaкта и нејзиниот бенд „Земља грува“ ја претставија својата нова песна „Еве, ветувам“ на ревијалниот дела на вчерашното прво полуфинале за избор на годинашен претставник на Србија на Евровизија 2023, емитувано на РТС.

Станува збор за песна во три дела: „Депресивна сум“, „Аксиозна сум“ и „Обеќај ми“, која истата вечер доби и спот, кој е објавен и на Јутјуб.






Констракта ја изведе и песната „Живот је склопио крг“ во ревијалниот дел на првата полуфинална вечер на Евровизија, со која Сабахудин Курт ја претставуваше Југославија во 1964 година, како и минатогодишната победничка песна „Ин корпоре сано“.

На вчерашното прво полуфинале избрани се првите осум финалисти на српскиот избор за песна на Евровизија, чиј победник годинава ќе ја претставува Србија во Ливерпул. Вечерва ќе се одржи втората полуфинална вечер, а на публиката ќе и бидат претставени песните на Урага, Надија, Филари, Зејне, Фрајле, Игор Винс и Бане Лалиќ, Егрет, Џипсии, Егор, Јелена Влаховиќ и други.

Петчленото стручно жири, заедно со гласовите на публиката, ќе ги избере композициите кои публиката повторно ќе може да ги слушне во финалето, кое ќе се одржи на 4 март.

Поврзани содржини