КОНСТРАКТА ОДГОВОРИ НА ОБВИНУВАЊАТА Земјата е сѐ уште рамна и Тупак е жив
Денес сфатив, Земјата е уште рамна, Тупак е жив и вселената е рамна, напиша Ана Ѓуриќ по повод скандалот.
Српската претставничка на Евровизија, Констракта не одговори конкретно на обвинувањата дека на нејзина велигденска фотографија била прикажана озлогласената буква „Z“, но со своите објави на Инстаграм иронично го навести одговорот:
„Денес сфатив, Земјата е уште рамна“, „Тупак е жив“ и „И вселената е рамна“, напиша Ана Ѓуриќ по повод скандалот.
Откако спорната содржина се појави на официјалниот евровизиски профил на РТС, постојано се коментираат за „масите на Путин“, како и дека тоа е навестување за поддршка на рускиот напад на Украина. Исто така, Твитер ја означи фотографијата како „потенцијално чувствителна содржина“.
Српската радиотелевизија РТС реагираше на обвинувањата за Констракта. Според РТС злонамерни се написите со кои српската претставничка се поврзува со актуелната политичка ситуација во светот.