КОНСТАТИРАНИ ОСТАВКИТЕ, СЛЕДИ РАСПРАВА ЗА НОВИOТ СОСТАВ Собранието ја почна седницата со едноминутен молк

Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците.

253

Собранието на Република Северна Македонија денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците.






– Констатирам дека на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу им престануваат функциите – истакна Џафери.

Пред почетокот на 103. седница, пратениците им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Туркије и Сирија со едноминутно молчење.

На дневен ред на седницата се неколку предлог-одлуки, предлог-закони и предлог-законски измени, како и барања за автентични толкувања.

По 103. седница, следуваат продолженија на 99. и 84. седница, а потоа, од 15 часот треба да почне и 104. седница на чиј дневен ред е избор на нови членови во Владата.

Поврзани содржини