Централниот одбор на СДСМ донесе одлука, на 16 мај 2021 година да се одржи 26-тиот Конгрес на партијата, кој ќе биде изборен, соопшти СДСМ.
– Централниот одбор го усвои Извештајот поднесен од генералниот секретар Љупчо Николовски, за спроведена постапка за ажурирање на членовите и активна регистрација. Заедничка оценка е дека процесот на ажурирање се спроведе успешно. СДСМ брои над 80.000 членови, социјалдемократското семејство е доволно големо, силно и обединето. СДСМ е прва во промените, се менува за подобро да им служи на граѓаните и државата. Следен чекор се првите директни внатрепартиски избори закажани за 21 март на кој сите активно регистрирани членови ќе го бираат Претседателот на СДСМ. Ова е врв на внатрепартиска демократија и внесува нова дополителна вредност на нашето демократско општество. По одржувањето на првите директни избори Централниот одбор донесе одлука, на 16 мај 2021 година да се одржи 26-тиот Конгрес на СДСМ, кој ќе биде изборен – велат од партијата.
Од партијата велат дека дополнително Извршниот одбор ќе го утврди дневен ред, време, место и начин на одржување на Конгресот, поради коронавирусот.