Конгресменски предлог: САД да плати по 1.500 долари на секој што ќе се вакцинаира против ковид-19

Конгресменот Џон Делејни појаснува дека идејата е на овој начин да се поттикне повеќе граѓани да се вакцинираат, за да може брзо да се достигне критичниот удел на повеќе од 70 отсто од нив.

319

Секоја вакцинирана личност во САД треба да добие по 1.500 долари на рака – ова го предложи конгресменот од Демократската партија, Џон Делејни, во интервју за Си Ен Би Си. Нашата идеја е на овој начин да поттикнеме повеќе граѓани да се вакцинираат, за да може брзо да се достигне критичниот удел на повеќе од 70 отсто од нив.

– Штом 75 отсто од жителите на земјата се вакцинираат, толку побрзо ќе го ставиме крај на ковид-19 и се ќе се врати во нормала – рече тој.






Во исто време, демократот посочи дека на тој начин вакцинацијата ќе може да остане доброволна и нема да мора да се наложува. Ова е идејата на претседателот Трамп, кој ветува дека дозите ќе се добијат само со согласност на имунизираните.

– Ако сепак стрвавувате од вакцината и не сакате да ја примите, тоа е ваше право.Тогаш нема да учествувате во програмата – потенцираше демократскиот пратеник.

Меѓутоа, таквата идеја е далеку од реализација, особено aко се  има предвид дека двете партии во земјата не можат да се договорат за следниот пакет мерки.

Поврзани содржини