Конгресменката Тејлор Грин соочена со изолација поради ширење теории на заговор
Колегите демократи ја иницираа постапка по појавата на загрижувачки материјали по социјалните мрежи поврзани со неа.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска гласа за отстранување на републиканката Марџори Тејлор Грин од Комисијата за образованиа и буџет поради скандали поврзани со ширење теории на заговор и говор на омраза пред нејзиното стапување на служба во јануари 2021 година.
Колегите демократи ја иницираа постапка по појавата на загрижувачки материјали по социјалните мрежи поврзани со неа.
Од разни статуси, видеа и пораки, се дознава дека пред да биде избрана во ноември 2020 година,Тејлор Грин, член на Претставничкиот дом од Џорџија, повикувала на егезекуција на демократските политичари. Друг видео материјал откриен од Ен-Би-Си Њуз, пак, покажува како таа нарекува „идиот“ преживеан во пукотницата во средното училиште во Паркленд, Флорида, и како тврди дека останатите масовни школски пукотници биле лажни.
Демократските конгресмени претходно ги повикаа своите републикански колеги доколку не го сторат тоа самите, ќе иницираат постапка за нејзино отстранување од сите комисии.
Загриженост поради ставањето на Тејлор Грин во Комисијата за образование минатата недела искажа и спикерката Ненси Пелоси, која побара нејзино заминување од таа комисија, уште повеќе поради тоа што негирала масакри што се случуваа во училиштата низ целата земја.
Од друга страна, републиканците денеска вршат консултации дали да ја исфрлат од своите редови претставничката Лиз Чејни, поради тоа што беше еден од ретките републиканци кои гласаа за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Од постапките на Тејлор Грин, која на изборите беше сесрдно поддржана од Трамп, наводно биле згрозени и повеќе републикански колеги.