„КОНФЛИКТОТ НЕ Е ЗАВРШЕН“ Убиен е висок заменик началник на Хутите, Израел ја презеде одговорноста
Хутите од Јемен без директно да го обвинат Ерусалим за убиството на началникот Карим ал Гамари, објавија дека конфликтот со Израел не е завршен и оти ќе „биде казнет за злосторствата што ги сторил“.
Јеменските бунтовници Хути соопштија дека е убиен „во вршење на должноста“ началник на Генералштабот, Мухамед Абд ал Карим ал Гамари.
Хутите без директно да го обвинат Ерусалим за убиството на ал Гамари, објавија дека конфликтот со Израел не е завршен и оти ќе „биде казнет за злосторствата што ги сторил“.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац на платформата Икс објави дека ИДФ го елиминирала началникот на Генералштабот на Хутите, Мухамед Абд ал Карим ал Гамари.
Кац посочи дека ал Гамари е убиен заедно со други високи претставници на Хутите во израелскиот напад врз Сана во август.
Израел во август го нападна главниот град на Јемен, Сана при што ги таргетираше Генералштабот, министерот за одбрана и други високи функционери. Во нападите убиени се премиерот на владата на Хутите во Јемен и неколку други министри.
Ал Гамари беше член на „канцеларијата за џихад“ на Хутите, одговорна за надгледување на воените операции предводени од Абдул Малик ал Хути, братот на убиениот основач на движењето.
Од октомври 2023 година, кога почна во Појасот Газа, Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Како одговор на нападите, Израел постојано напаѓа цели во областите на Јемен контролирани од Хутите.
Јеменските бунтовници контролираат големи делови од земјата, вклучително и Сана, каде што Хутите ги воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден.