Конфликти на грчко-турската граница

Грчката полиција соопшти дека пукала со солзавец врз бегалците на турска територија, а солзавец бил возвратен од страна на Турција кон Грција.

676

Денеска избувнаа судири на грчко-турската граница додека 500 мигранти се обидоа да пробијат заштитната ограда и да влезат во Грција.

Грчката полиција соопшти дека пукала со солзавец врз бегалците на турска територија, а солзавец бил возвратен од страна на Турција кон Грција.






Конфликтот започнал во 14 часот и траел околу два часа.

Околу 2.000 бегалци се уште се наоѓаат на грчко-турската граница.

Откако Турција ги прогласи своите граници отворени за Европа, десетици илјади бегалци се упатија кон Грција.

Анкара денеска објави дека затвора шест копнени и поморски гранични премини кон Грција и Бугарија за да спречи ширење на коронавирусот, но официјалните лица велат дека тоа не значи дека Турција се откажува од својата одлука да ги отвори своите граници кон Сирија за бегалците во одреден момент.

Турските граници ќе продолжат да бидат затворени за бегалците, но не и за превозот на материјали и опрема, соопштија турски анонимни извори блиски до владата на Анкара.

Нема пријавени случаи на коронарвирусот во пограничните кампови за бегалци, иако не е познато во колкава мера е спроведено тестирањето.

Повеќе од 9.300 луѓе досега успеале да влезат во Грција, најмногу преку грчките острови во Егејското море.

Поврзани содржини