Коневски ќе го тужи Наум Стоилковски
Мицкоски, ти порачувам уште еднаш дека сите овие лаги и манипулации нема да те спасат од заминување - рече Коневски.
Поранешниот градоначелник на Аеродром, Ивица Коневски, најави тужба против Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО- ДПМНЕ, кој на Фејсбук објави дека деловен и станбен простор се причина зошто Кневски не го напаѓал Зоран Заев.
– Против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, ќе поднесам тужба за изнесените лаги и клевети и тој, за многу кратко време, јавно ќе се извини. Мицкоски, ти порачувам уште еднаш дека сите овие лаги и манипулации нема да те спасат од заминување – рече Коневски.
Тој денеска побара смени во ВМРО-ДПМНЕ, а на тоа му одговори Димче Арсовски, исто така, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. И на ова, Коневски возврати.