КОНЕЧНО СВЕТНАА СИЈАЛИЦИТЕ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА Скинат кабел го остави објектот без струја цели 10 часа
Директорот на болницата Владко Захариев за МИА информира дека откако вчера околу 15 часот беше скинат кабел, екипите на ЕВН кои работеа во текот на ноќта проблемот го решиле околу 1 часот по полноќ.
Нормализирана е состојбата со дистрибуција на струја до Клиничка болница-Штип.
Директорот на болницата Владко Захариев за МИА информира дека откако вчера околу 15 часот беше скинат кабел, екипите на ЕВН кои работеа во текот на ноќта проблемот го решиле околу 1 часот по полноќ.
Тој утринава истакна дека состојбата со струјата е нормализирана и болницата нормално функционира. Инаку, МИА синоќа информираше дека болницата со струја се снабдуваше од агрегат, бидејќи при градежни активности беше скинат кабел.