КОНЕЧНО СТИВНУВААТ ПЕКОЛНИТЕ ГОРЕШТИНИ За утре подгответе чадори

Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени и ќе се движи во интервал од 22 до 33 степени, со пад на утринската температура  и до 14 степени.

936

Под влијание на атмосферски фронт утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени и ќе се движи во интервал од 22 до 33 степени, со пад на утринската температура  и до 14 степени.






Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме.

УХМР во случај на појава на електрични празнења препорачува поголема внимателност, како и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Поврзани содржини