КОНЕЧНО МУ СЕ НАСМЕВНА СРЕЌАТА „Изгубениот“ Меси се враќа на теренот против Манчестер сити
Триесет и четиригодишниот Аргентинец пропушти два натпревара во Париз поради повреда на коленото.
Фудбалерот на Пари-Сен Жермен, Лионел Меси, учествуваше на денешниот тимски тренинг во општата група во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите со Манчестер сити.
Триесет и четиригодишниот Аргентинец пропушти два натпревара во Париз поради повреда на коленото.
„Според информациите од таборот на парискиот клуб, Меси ќе биде на списокот за натпреварот против Сити“, објави новинарот на „ТНТ Спортс“, Марсело Бехлер.
Натпреварот ПСЖ – Манчестер сити ќе се одигра утре со почеток во 21 часот.