КОНЕЧНО МОЖЕ ДА СЕ ДИШЕ ЧИСТ ВОЗДУХ Силниот ветар го намали аерозагадувањето низ Македонија

Согласно временската прогноза, за денеска има најави за северен ветер, дожд и снег во вечерните часови, што ќе биде причина да се расчисти загадувањето.

369

По високите нивоа на загаденост кои траеја неколку денови, утрово воздухот конечно е на ниско или многу ниско загадено ниво, според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.

Согласно временската прогноза, за денеска има најави за северен ветер, дожд и снег во вечерните часови, што ќе биде причина да се намали загадувањето.






Управата за хидрометеоролошки работи за претстојната ноќ најави врнежи кои, почнувајќи од север, ќе преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Повремени врнежи од снег ќе има и в понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег.

Во Скопје, почнувајќи од денеска, во ноќните часови и во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од снег, повремено пообилни. До утре изутрина ќе се формира снежна покривка која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повремен снег ќе има и во понеделник.

СКОПЈЕ УТРЕ ЌЕ БИДЕ ПОКРИЕНО СО СНЕГ Врнежите ќе почнат оваа ноќ

 

 

Поврзани содржини