Конечно Македонците од утре ќе може да влезат во Грција, но под овие услови
Премиерот Заев на својот „Фејсбук“ профил ја објави оваа информација по средбата со грчкиот колега Мицотакис.
Од утре, 14 мај, се отвора границата со Грција, најави на „Фејсбук“ премиерот на Македонија Зоран Заев, по средбата со неговиот грчки колега Мицотакис.
– Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела – напиша Заев на „Фејсбук“.