КОНЕЧНО ЌЕ ГО ВИДАТ ТАТКО ИМ НАДВОР ОД ЗАТВОР Сопругата на Асанж подготвува изненадување за децата
Сопругата на Џулијан Асанж, Стела Асанж, потврди дека на нивните деца ќе им биде кажано дека татко им е ослободен пред да се сретнат со него.
Сопругата на Џулијан Асанж, Стела Асанж, изјави дека нивните две деца се со неа во Австралија, но сѐ уште не им е кажано дека татко им ќе биде ослободен. Тие само знаат дека ги чека „големо изненадување“ во Австралија, објави британски Гардијан.
– Сè што им кажав утрината кога тргнавме е дека ги чека големо изненадување. Им реков дека одиме кон аеродромот. Се качивме во авионот и им реков дека ќе одиме да го посетиме нашето семејство, нивниот братучед, нивниот дедо и слично. И тие сѐ уште не знаат. Бевме многу внимателни зашто очигледно никој не може да спречи 5-годишно и 7-годишно дете, знаете, да вика од покривите во секој момент… Сепак, тие се многу возбудени што се во Австралија – изјави сопругата на Асанж.
Децата на Асанж никогаш не го виделе надвор од затворот „Белмарш“.
Стела потврди дека ќе им биде кажано пред да се сретнат со нивниот татко.
Таа за Би-Би-Си изјави дека немала време да разговара за тоа што ќе прават двајцата кога тој ќе биде ослободен, но дека приоритет е Асанж да оздрави, бидејќи веќе пет години е во, како што наведе таа „ужасна состојба“, повторно да биде во контакт со природата и да има „свое време и приватност“.
Таа побара помош од поддржувачите бидејќи има намера да основа итен фонд за закрепнување на нејзиниот сопруг.