КОНЕЧНО Е ДОНЕСЕНА ОДЛУКАТА Eве кој ќе го наследи „Грејсленд“, легендарниот имот на Елвис Присли

По смртта на Елвис Присли, „Грејсленд“ ѝ беше оставен на Лиза Мари, единственото дете на кралот на рокенролот, како дел од нејзиното наследство во фондацијата чија контрола ја презема таа во 1993 година.

486

Конечно се знае кој ќе го наследи „Грејсленд“, легендарниот имот на музичката легенда Елвис Присли. По смртта на Елвис Присли, „Грејсленд“ ѝ беше оставен на Лиза Мари, единственото дете на кралот на рокенролот, како дел од нејзиното наследство во фондацијата чија контрола ја презема таа во 1993 година, на нејзиниот 25-ти роденден, и стана единствениот сопственик на имотот.

Лиза Мари почина на почетокот на годината, а оттогаш се шпекулираше кој ќе биде следниот наследник на имотот. Беше кажано дека имотот ќе биде поделен помеѓу ќерките на Лиза, Рајли Киу и близнаците Харпер и Финли Локвуд, но „УСА тудеј“ доби документи според кои Рајли е единствениот законски наследник и повереник на имотот.






Рајли поднела петиција до Врховниот суд во Лос Анџелес да ја одобри спогодбата што ја постигна во мај со нејзината баба Присила Присли и поранешниот сопруг на Лиза Мари Мајкл Локвуд, татко и старател на полусестрите на Рајли, 14-годишните Финли и Харпер. Во документите стои и дека Присила ќе биде погребана во „Грејсленд“, што е можно поблиску до нејзиниот поранешен сопруг Елвис.

Да потсетиме, Лиза Мари, единственото дете на Елвис, почина на 12 јануари во болница во Калифорнија на 54-годишна возраст. Присли доживеала срцев удар во нејзиниот дом. Десет години пред нејзината смрт таа рече: „„Грејсленд“ ми беше даден и ќе остане мој засекогаш. А по мене ќе го наследат моите деца. Никогаш нема да го продадеме“.

 

 

Поврзани содржини