Конечен биланс на денот: 76 новозаболени, 52 се од Скопје

Во текот на денот информациите беа дека во Скопје има над 30 позитивни на коронавирусот.

936

Министерството за здравство доцна попладнево информираше дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-52, Куманово-2, Штип-1, Тетово-14, Велес-2, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1 и Кратово-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти во: Скопје-12, Куманово-2, Тетово-11 и Гостивар-1.






Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга на 56-годишна возраст, која била примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

Во текот на денот информациите беа дека во Скопје има над 30 позитивни на коронавирусот.

Поврзани содржини