КОНДОВСКИ ВЕТИ ПОДДРШКА НА ДЕЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ Ќе се прошири Центарот „Порака“
Да им подадеме рака на овие деца и нивните родители е наша обврска како заедница, а идната локална самоуправа ќе биде нивна стабилна потпора во процесот на обезбедување системска поддршка преку програми кои ќе го поддржат нивниот личен, социјален и професионален живот, рече Кондовски.
За децата со интелектуална попреченост и нивните родители ќе обезбедиме поголема поддршка во процесот на нивна социјализација и подготовка за посамостоен живот. Како иден градоначалник на Битола се обврзувам таа поддршка да биде континуирана и системска, им порача кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски на претставниците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.
– При посетата на Центарот „Порака“ видов дека низ квалитетни работилници се едуцираат и социјализираат талентирани деца, на кои им треба внимание и поддршка за да продолжат посигурно да чекорат низ животот. Особено ме трогна нивната желба за часови по гитара. Да им подадеме рака на овие деца и нивните родители е наша обврска како заедница, а идната локална самоуправа ќе биде нивна стабилна потпора во процесот на обезбедување системска поддршка преку програми кои ќе го поддржат нивниот личен, социјален и професионален живот – рече Кондовски.
Тој најави поддршка за проширување на просторните можности на Центарот, како и негово доопремување согласно потребите на образовните програми.