КОНДОВСКИ ОТКРИВА КАКО ЌЕ ГИ ТРОШИ ФИНАНСИИТЕ Секој слободен денар ќе оди во инфраструктурата
Имаме 22 крупни проекти. 10 капитални проекти и безброј други проекти кои ќе решат локални и месни прашања, рече Кондовски на дебатата.
Мој прв приоритет е секој слободен денар во буџетот на Општина Битола да оди во инфраструктура. Тоа ќе биде мотор за локален економски развој на градот, порача кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски на денешната јавна дебата „Форум за граѓански дијалог“ за поттикнување на директното учеството на граѓаните во јавната дискусија за приоритетите, проблемите и потребите во нивните локални заедници.
„Секој ден се среќавам со граѓаните. Главен акцент сите ставаат на потребата од забрзан локален економски развој и токму тоа ќе го испорачаме. Целата наша програма е насочена кон тоа Битола да прерасне со економски развиена општина со решени прашања на полето на инфраструктурата, урбанизмот и животната средина.
Имаме 22 крупни проекти. 10 капитални проекти и безброј други проекти кои ќе решат локални и месни прашања“, рече Кондовски на дебатата.
Тој подвлече дека локалната самоуправа што ќе ја предводи ќе создаде услови младите да сакаат да останат во Битола.
„За тоа веќе го промовиравте проектот за Технолошки парк, кој ќе им овозможи поддршка да се усовршуваат дома, тука да ги испробаат своите бизнис идеи, но и да градат кариера на високо платени работни места. Битола мора да биде град по мерка на сите битолчани. Општина каде ќе се гради, но за секој изграден квадратен метар ќе добиваме и квадратен метар зеленило. Тоа ќе биде услов и кон инвеститорите“, рече Кондовски.
Во изборната програма на Кондовски предвидено е меѓудругото и изградба на мултифункционален спортски центар, осовременување на Зoолошката градина во Битола, формирање на Младински Центар.