КОНДОВСКИ НА КАФЕ СО ПРОТИВНИЦИТЕ ЗА ФЕР ИЗБОРИ ВО БИТОЛА Ќе има натпревар на идеи, визии, на проекти

Уште кога прв пат се обратив до јавноста како кандидат за градоначалник, ги поканив моите противкандидатите на заедничко кафе и благодарен сум што се одзваа на поканата. Битолчани сакаат да видат натпревар на идеи, на визии, на проекти. Ќе им овозможиме тој натпревар да биде во фер и демократска атмосфера. Победата на битолчаени е и моја победа!, им порача Кондовски на битолчани.

741

Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Битола на Фејсбук објави дека дека заедно со неговите противкандидати на кафе на Широк Сокак го потпишал Кодексот за фер и демократски избори.

„Во Битола, пиењето кафе е ритуал. На кафе се споделуваат мислења, се разменуваат гледишта, се коментира и студира животот во градот. Јас и моите противкандидати за градоначалник на Битола симболично го одбележавме потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори токму со пиење кафе на Широк Сокак. Битола има долга и богата традиција на политичка култура која сите ние како учесници во изборната кампања имаме обврска да ја надоградиме. Целта е да се претставиме пред граѓаните во една фер и демократска атмосфера, па тие нека го изберат #најдоброто за Битола. Уште кога прв пат се обратив до јавноста како кандидат за градоначалник, ги поканив моите противкандидатите на заедничко кафе и благодарен сум што се одзваа на поканата. Битолчани сакаат да видат натпревар на идеи, на визии, на проекти. Ќе им овозможиме тој натпревар да биде во фер и демократска атмосфера. Победата на битолчаени е и моја победа !“, , им порача Кондовски на битолчани.
Поврзани содржини