КОНДОВСКИ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ДОКТОРСКИОТ ПРОЕКТ Влијанието на осигурувањето врз економскиот раст

536

Битолскиот бизнисмен Христо Кондовски го презентираше својот  докторски проект, во рамките на Годишната конференција на студентите на трет циклус студии на универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, која се одржа во Охрид.

– Истражувајќи како дел од докторските студии на отсекот осигурување на Факултетот за туризам и угостителство при битолскиот универзитет, се посветив на изработката на независен истражувачки труд на тема „Влијанието на осигурувањето врз економскиот раст: Панел анализа на избрани земји од Југоисточна Европа“. Чест ми е што заклучоците од истражувањето ги изложив пред еминентни претставници на академската фела во рамките на посебна сесија на научната конференција „Улогата на високото образование во развојот на општеството“ која ја организира Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола – изјави Кондовски.






Оваа презентација е уште едно скалило кон конечна одбрана на докторатот, која му претстои, како заокружување на напорите за испитување на влијанието на осигурителната индустрија врз економскиот раст, објасни тој.

 

Поврзани содржини