КОНДОВСКИ Е СИМБОЛОТ НА ОБЕДИНУВАЊЕТО ВО БИТОЛА Лидерот на СДСМ повика да се гласа за докажан менаџер

Верувајте ми покрај вас силно верувам во победата, не само затоа што тоа е математички пресметливо со овие обединети сили на прогресот , туку верувам затоа што сме единствената опција која има програма и која гарантира со проекти, рече кандидатот за градоначалник Христо Кондовски обраќајќи се до битолчани.

427

Не е сеедно во какви раце ќе ја оставиме Битола, порача вечерва од пред битолскиот Офицерски дом лидерот на СДСМ Зоран Заев, повикувајќи на обединување и заедништво.

 – Христо Кондовски е овде во Битола симболот на обединувањето. Христо Кондовски овде е симболот на прогресот – рече Заев, додавајќи дека Кондовски како докажан менаџер ќе донесе прогрес во Битола, бидејќи Битола има потенцијал да се натпреварува со Скопје, Тетово, Охрид, Струмица, Штип и сите други градови во поглед на урбаниот, зелениот, хуманиот и севкупниот развој, како и квалитетот на живот на граѓаните. 






– Вечерва дојдов да ве повикам сите граѓани да се обединиме. Бројките покажуваат во вториот круг сите сме обединети. Слободата, демократијата во државата даде право и тоа апсолутно заслужено право да излезат независни листи, да излезат помали политички партии, но сите сме заедно во визијата и за Битола и за нашата татковина. Битола има потенцијал за прогресивност, над 32.000 гласови и сите знаат пред каков предизвик е исправена и Битола и сите општини во државата, а со тоа и државата -р ече Заев.

Верувајте ми покрај вас силно верувам во победата, не само затоа што тоа е математички пресметливо со овие обединети сили на прогресот , туку верувам затоа што сме единствената опција која има програма и која гарантира со проекти, рече кандидатот за градоначалник Христо Кондовски обраќајќи се до битолчани.

– Нема што да се двоумиме, само ние имаме програма и гарантираме дека 100% ќе ја исполниме програмата и тоа за доброто на Битола, за економски развиена Битола. Битолчани, драги мои сограѓани, ветивме многу, а ќе исполниме исто така многу. Ветивме стотици мали месни проекти, во нашите рурални средини, во нашите маала, во нашите сокачиња. Уште од првиот ден ќе почнеме да работиме -рече Кондовски.
Тој п
осочи дека во програмата се вклучени 22 големи проекти од кои 10 се капитални проекти.

– Ветивме долгоочекувано решение на проблемот со централното градско јадро, ветивме зелена Битола, ветивме дека топлификацијата и гасификацијата ќе пристигнат, ветивме решавање на Генералниот урбанистички план. Сето тоа ќе го направиме. Затоа што верувајте ми, имам сила, енергија, визија и знаење заедно со вас тоа да го работам од првиот до последниот ден – рече Кондовски.

Поврзани содржини