Кончита Вурст повторно е маж (ФОТО)
Кончита, која што отсекогаш се чувствувала како жена заробена во тело на маж, минатата година одлучила да се откаже од имиџот на долгокоса жена со брада и повторно да „влезе во машката кожа“.
Сигурно се сеќавате на победникот на Евровизија во 2014 година, Томас Норвирт или попознат како Кончита Вурст. Австрискиот транвестит и понатаму се занимава со музика и снима нови песни, но кариерата му е фокусирана само во родната Австрија.
Но, Кончита, која што отсекогаш се чувствувала како жена заробена во тело на маж, минатата година одлучила да се откаже од имиџот на долгокоса жена со брада и повторно да „влезе во машката кожа“.
Таа сега поретко се шминка, има кратка коса и брада и тешко би забележале дека зад неговиот лик се крие некогашната евровизиска победничка.