Концертите се враќаат, ќе се пее под маски

Здруженијата зеле обврска, за што министерот ги пофали, сами да го контролираат спроведувањето на превентивните мерки.

813

Комисијата за заразни болести денеска дозволи да се организираат концерти со посебни мерки за заштита.

-Денеска на Комисијата за заразани болести дискутиравме за барањата на музичарите. Се усвои протоколот за организирање на настани. Претставници на здруженијата на музичари заедно со претставници на организаторите на настани беа заедно на состанок минатата недела. Донесоа еден навистина солиден протокол, можам да кажам, со строго контролиран влез, начин како ќе се контролираат протоколите во рамки на тие настани. Денеска се дозволи да се организараат настани, да биде капацитетот пополнет не повеќе од 50% на местото каде што се организира настанот, картите да се продаваат електронски, за да не се прават гужви и редици и задолжително да се носат маски на сите тие настани – рече министерот Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.






Филипче смета дека протоколот е одличен. Здруженијата зеле обврска, за што министерот ги пофали, сами да го контролираат спроведувањето на превентивните мерки.

 

Поврзани содржини