Концерти на Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек во Хераклеа

518

„Авалон продукција“ се потруди да ги исполни желбите и на битолчаните да имаат барем неколку културни настани ова лето, а исто така и на изведувачите кои ќе настапуваат во
Охрид, да настапат и во Битола.

Публиката по по следниот редослед ќе може да ги види следните артисти во следните денови:






Амира Медуњанин – 8 август, почеток 21 часот
Дарко Рундек – 14 август, почеток 21 часот
Жељко Бебек – 22 август, почеток 21 часот

Во продажба ќе бидат пуштени само 600 влезници од концерт, и тоа веднаш од утре преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија, Avalon Music & Ticket Store и онлајн на avalon.mk, по цена од 600 денари по концерт. Носењето заштитни маски е задолжително за сите посетители и без нив нема да биде дозволен влез на концерт.

Поврзани содржини