КОНЦЕРТ НА KАРОЛИНА ВО СКОПЈЕ Пејачката ќе нѐ потсети на нејзините најголеми хитови

Каролина за прв пат ќе одржи open air концерт под името „Ајде да летаме - Greatest hits“ на 1 јули, на Стадионот на АРМ во Скопје.

198

Каролина за прв пат ќе одржи open air концерт под името Ајде да летаме – Greatest hits на 1 јули, на Стадионот на АРМ во Скопје.

Концертот ќе биде со сериозна, светска продукција, светло и звук, какви што доликуваат на голем и грандиозен концерт на Каролина Гочева. Концертот е сублимат на една неверојатно богата кариера, со 10 студиски албума и безброј хитови и евергрини, велат организаторите од Авалон продукција.






Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, на 1 јули во живо ќе може да ги слушнете: Хипокрит, За нас, Капка под небото, Не се враќаш, Се лажам себе и уште многу други хитови кои ја одбележаа 30-годишната кариера на Каролина.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (08.06) на avalon.mk

Поврзани содржини