КОН ВРАБОТЕНАТА ОД КОМУНАЛНО ВЕЌЕ Е ЗАПОЧНАТА ПОСТАПКА Претпријатието нема да им ги продолжи договорите на 33 лица

Написот открива и уште една информација. Според КХС Скопје на 33 лица кои биле вработени, а не доаѓале на работа, нема да им бидат продолжени договорите затоа што „мора да се стави крај на расипничкото трошење пари“.

2,034

„Комунална хигиена Скопје“ се огласи по денешните обвинувања за инцидентот со двајца новинари кои биле присилно задржани во просториите на институција, а претходно од страна на службеничка им бил одземен мобилен телефон.

„Истовремено кон вработената во ЈП „Комунална хигиена“- Скопје која денес предизвика инцидент веќе е отпочната дисциплинска постапка. Работниот процес мора да се одвива професионално и со почит кон секој. Претпријатието е отворено и транспарентно за сите граѓани и медиуми и во иднина нема да се дозволи недолично или несоодветно однесување во Претпријатието, а сѐ во насока на имплементација на реформи за подобри работни процеси во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на КХС Скопје.






Написот открива и уште една информација. Според КХС Скопје на 33 лица кои биле вработени, а не доаѓале на работа, нема да им бидат продолжени договорите затоа што „мора да се стави крај на расипничкото трошење пари“.

„На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје кои месеци и години земале плата, а не оделе на работа, денес им завршија договорите и истите не се продолжени, информираат од оваа институција“, се вели и се додава:

„Во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје мора да се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните и посветено да се работи на подобрување на услугите и исполнување на нашите обврски кон граѓаните“.

Поврзани содржини