📽 КОМУНИЦИРА САМО СО ПОРАКИ ШТО ГИ КРИЕ ВО ЛЕБ Кој е мистериозниот Јахја Синвар, најважната цел на Израел?
Внатрешната разузнавачка единица на Хамас, која Синвар ја основал пред неговото апсење во 1988 година, регрутирала затвореници за да шират писмени пораки меѓу различните крила на затворот, кои биле носени и фрлани во парчиња леб, според Мосаб Хасан Јусеф, син на функционер на Хамас кој се претворил во оперативец на Израелската агенција за безбедност, Шин Бета, познат и како „зелениот принц“.
Човекот што Израел го опишува како архитект на нападите на 7 октомври сега можеби е најмоќната фигура во Хамас. 61-годишниот Јахја Синвар беше еден од основачите на Хамас и веројатно стана најмоќната фигура во организацијата. Израелските власти го опишаа како архитект на нападите на 7 октомври, во кои загинаа 1.200 луѓе, главно цивили.
Експлозивниот бран на комуникациски уреди
Минатонеделниот бран експлозии на комуникациските уреди што ги користеше друга милитантна група во регионот, либанскиот Хезболах, уби најмалку 32 лица, вклучувајќи го и командантот Ибрахим Акил, но Синвар, кој ја презеде командата со Хамас по атентатот на Исмаил Ханија во Техеран на 31 јули, комуницира со надворешниот свет без да ја открие својата локација.
Иако првично користел методи на електронска комуникација на почетокот на војната, како што сугерираат некои извештаи, тој оттогаш ги отфрлил.
За време на неговиот престој во израелски затвор, од кој бил ослободен во 2011 година како дел од размената на затвореници, Синвар развил одредени методи и се потпирал на сложена мрежа на кодирани пораки доставени од курири, во кои понековаш биле вклучени цивили, а не само членови на Хамас.
- ПЕЈЏЕРИТЕ БЕА „ЈАГОТКАТА НА ШЛАГОТ“ Тензијата во Израел расте, регионот е на работ на непосредна катастрофа?
- ЕКСПЛОЗИИТЕ НА ПЕЈЏЕРИТЕ МОЖЕ ДА РАЗГОРАТ ГОЛЕМА ВОЈНА Кремљ остро ги осуди нападите врз Хезболах
- ЕКСПЛОДИРАА ПЕЈЏЕРИ НА ЧЛЕНОВИ НА ХЕЗБОЛАХ 8 се мртви, дури 2.750 се повредени
Пораки во леб и други трикови за комуникација
Синвар ги зајакнал своите методи на комуникација по целните убиства на високи претставници на Хамас и Хезболах од почетокот на војната во Газа. Наводно, пресвртна точка во ова било убиството на високиот лидер на Хамас, Салех ал-Арури, во Бејрут на 2 јануари.
По неговата смрт, Синвар наводно речиси целосно се префрлил на писмени или вербални пораки. Тој пренесувал гласовни пораки преку тесен круг на доверливи соработници. Внатрешната разузнавачка единица на Хамас, која Синвар ја основал пред неговото апсење во 1988 година, регрутирала затвореници за да шират писмени пораки меѓу различните крила на затворот, кои биле носени и фрлани во парчиња леб, според Мосаб Хасан Јусеф, син на функционер на Хамас кој се претворил во оперативец на Израелската агенција за безбедност, Шин Бета, познат и како „зелениот принц“.
Иако Синвар не користел електронски уреди за да го избегне израелското разузнавање, тој некако успевал да комуницира со надворешниот свет брзо, а понекогаш дури и во реално време. Како успеал во тоа сѐ уште е мистерија.
– Прилично сум сигурен дека ова е една од главните причини зошто Израелските одбранбени сили (ИДФ) сè уште не го пронашле. Тој одржува исклучително строги лични навики на однесување. Но, и покрај сета негова претпазливост, и најмала грешка може да ја открие неговата локација. Во моментот кога ќе се лизне, дури и за секунда, тоа би можело да му ја запечати судбината – неодамна изјави експертот за електронско војување, Томас Витингтон.
Мети беа лидерите на Хамас
Синвар е релативно долго недостапен за комуникација, па по неодамнешните напади на Газа, Израел ја истражува можноста тој да е мртов. Во последните месеци Израел ги бомбардираше тунелите во областа каде што постои сомнеж дека се крие Синвар, но нема јасни индиции дека бил погоден.
Од нападот на 7 октомври, за кој се верува дека го организирал Синвар, Израел ги уби шефот на военото крило на групата, Мохамед Деиф, и шефот на бригадата, Кан Јунис Рафа Саламех, во јулските воздушни напади во Газа, како и Заменик-шефот на Хамас, Ал Арури, во напад со беспилотно летало во Бејрут во јануари, а и Ханија во Техеран. Хамас, меѓутоа, тврди дека Деиф сè е уште жив, но не е виден од нападот на 13 јули.
Оттогаш, Синвар и неговиот брат Мухамед се безмилосно прогонувани, досега без видлив успех.
Последен пат е виден во тунел со израелски заложници
Последен пат Синвар бил виден неколку дена по инвазијата на Хамас во Газа кога киднапираните Израелци биле внесени во тунелите, пишува „Гардијан“. На течен хебрејски, усовршен во затвор, Синвар ги уверувал дека се безбедни и дека наскоро ќе ги замени за палестински затвореници. Еден од заложниците кој беше ослободен по 16 дена заробеништво, подоцна рече дека го прашал Синвар „како не се срами да им го прави ова на луѓето кои го поддржуваа мирот сите тие години“.
– Тој не одговори. Молчеше – изјави Лифшиц за „Давар“.
The IDF says it obtained CCTV footage showing Hamas leader Yahya Sinwar inside a tunnel below the Gazan city of Khan Younis, on 10 October 2023, days after the Hamas militants’ attacks on Israel.
Sky News has not independently verified these claims.https://t.co/NZ0Vc62qB7 pic.twitter.com/h8xqNJHXaX
— Sky News (@SkyNews) February 14, 2024
Снимката од надзорната камера на Хамас направена во исто време го покажува Синвар како ги следи сопругата и трите деца низ тесен тунел и исчезнува во темнината. Тоа беше последен пат кога е виден човекот кој ја започна војната во Газа и кој и пред инвазијата на 7 октомври важеше за најстрашниот човек за Израел, дополнително што повеќе од 41.000 Палестинци биле убиени во војната досега, поголемиот дел од територијата е срамнета, 90% од населението е раселено, а 2,3 милиони се на работ на глад.
Потера по Синвар
Речиси едногодишната хајка по Синвар вклучува мешавина од напредна технологија и од брутална сила, а гонителите покажаа дека се подготвени на сѐ, дури и на екстремни цивилни жртви, само за да го убијат лидерот на Хамас и да го уништат неговиот внатрешен круг. Тие гонители вклучуваат работна група од разузнавачи, единица за специјални операции на ИДФ, воени инженери и експерти за надзор под чадорот на Израелската агенција за безбедност, Шин Бет.
An inside look into a Hamas terrorist tunnel exposed under the home of a close confidant of Hamas’ leader in Gaza, Yahya Sinwar. pic.twitter.com/8id78kF2W7
— Israel Defense Forces (@IDF) December 20, 2023
– Да ми кажевте на почетокот на војната дека и 11 месеци подоцна ќе биде жив, тоа ќе го сметав за неверојатно. Но, запомнете, Синвар се подготвуваше за оваа офанзива цела деценија и разузнавачите на ИДФ беа многу изненадени од големината и должината на тунелите под Газа и нивната софистицираност – изјави поранешниот шеф на одделот за палестински работи на израелското воено разузнавање, Мајкл Милштајн.
Се крие во тунелите или е во егзил
ИДФ проценуваат дека под Газа има цел подземен град, со 500 километри тунели. Според некои извештаи, Синвар веројатно се опколил со жив штит, но потенцијалното присуство на заложници не ги спречило ИДФ да фрлаат бомби врз неговите потенцијални засолништа во последните неколку недели.
Некои сугерираат дека Синвар отишол во егзил преку границата, криејќи се во тунел на египетската страна на граничниот премин Рафах. Но, Милштајн, кој го проучувал Синвар и другите водачи на Хамас, смета дека тоа е малку веројатно.
– Во неговата ДНКе да остане во Газа и да се бори до смрт. Тој повеќе би сакал да умре во својот бункер – рече тој.
Дали неговата смрт ќе смени нешто?
Смртта или апсењето на Синвар несомнено ќе биде голем воен успех за владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој го направи уништувањето на „воените и управувачките“ капацитети на Хамас примарна воена цел.
Но, прашањето е дали тоа би ја запрело војната бидејќи, според некои аналитичари, доколку Израел го зароби или го елиминира, ситуацијата ќе биде многу подобра, можеби за кусо време, а потоа на чело на Хамас ќе дојде некој друг.