КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВКУПНО ДОЛЖАТ 100 МИЛИОНИ ЕВРА Долгот на „Комуналец“ во Гостивар е околу 8 милиони евра
Не е вистина дека има долг од 100 милиони евра. Сите комунални претпријатија во Македонија имаат 100 милиони евра. Долгот на „Комуналец“ во Гостивар е околу седум или осум милиони евра, не повеќе и тоа се долгови што се наследени од пред да дојдам јас за градоначалник, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
– И јас прочитав, меѓутоа сакам да демантирам, 100 милиони евра нема логика. Меѓутоа, има тенденции, посебно од ДУИ, да прикажат такви вести спектакуларно. Значи, уште еднаш проверете и се надевам дека медиумот којшто го објави ќе бара извинување дека не е 100 милиони евра – одговори министерот на новинарско прашање.
Тој одговараше на новинарски прашања, по увидот во градежните работи на првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар, заедно со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.