Комунални редари ќе ги распоредуваат туристите на плажите во Хрватска

На прашањето дали туристите ќе можат да ги посетуаат и островите во Хрватска, тој истакнал дека ќе можат, но дека мерките против ширењето на коронавирусот и натаму ќе останат активни.

541

Како туристите ќе одат на море во Хрватска и каков ќе биде нивниот престој на плажите, открива директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, Крунослав Цапак, објави „Jutarnji.hr“.

Цапак истакнал дека луѓето сигурно ќе можат да одат на море, но дека нивниот овогодишен одмор ќе биде доста различен од претходните одмори.






– Нема да има метеж на плажите. Ќе има комунални редари. Сопствениците на плажите или концесионерите ќе се грижат за тоа да не дојде до физички контакт помеѓу туристите, а на плажите нема да може да се постави пешкир до пешкир – рекол Цапак.

На прашањето дали туристите ќе можат да ги посетуаат и островите во Хрватска, тој истакнал дека ќе можат, но дека мерките против ширењето на коронавирусот и натаму ќе останат активни.

– Туристи на островите ќе има само ако жителите на тие острови се согласат да ги примат луѓето. Сè ќе биде организирано од наша страна – рекол Цапак.

Поврзани содржини