КОМУНАЛНА ХИГИЕНА И ЈСП СЕ ДВАТА НАЈГОРЛИВИ ПРОБЛЕМИ НА СКОПЈЕ Какви решенија нуди Ѓорѓиевски ако стане градоначалник?

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна 2 столба на кои ќе се фокусира од самиот почеток.

136

На денешниот настан, Саем-отчет под мотото „4 години работа за тебе” свое обраќање на панел-дискусијата – локалната и централната власт работат за тебе, имаше градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој во фокусот ја стави својата визија за Скопје и за решавање на сите проблеми кои ги засегаат граѓаните како комуналната хигиена и проблемите со ЈСП, ветувајќи безбеден, чист и транспарентен град, соопшти владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

– На Скопје му требаат брзи и ефикасни решенија, она што јас ќе го понудам на нашите сограѓани за наредните 4 години пред сè ќе биде отворен, транспарентен град, безбеден град и инклузивен град каде што граѓанинот ќе биде во централниот фокус како никогаш досега и ќе го има приматот, секоја наша креација во наредните 4 години ќе потекнува изворно од граѓанинот и ќе биде за подобрување на неговите услови за живот. Комунална хигиена и ЈСП се двата најгорливи проблеми – вели Ѓорѓиевски.






„Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна 2 столба на кои ќе се фокусира од самиот почеток, а тоа се реорганизација на комуналната хигиена и средување на катастрофалната состојба со ЈСП“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Главен и сериозен фокус ќе биде, освен заштитата на животната средина, третирањето на комуналната хигиена, нејзина реорганизација од аспект на механизација и кадров потенцијал, вториот момент, кој ќе биде наш фокус, е средување на состојбите со ЈСП, еден од главните проблеми на нашите сограѓани е токму транспортот. Тоа се првите 2 сериозни столба на кои ќе се насочиме од самиот почеток – рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека програмата за локалните избори се креира заедно со граѓаните и дека ќе содржи решенија за сите проблеми со кои се соочуваат тие, а кои набргу ќе станат минато.

– Ние сме на изработка на програмата, како никогаш досега ја креираме заедно со граѓаните, домашни и меѓународни експерти, ќе понудиме еден добар концепт за граѓаните, еден модел во којшто сите овие горливи проблеми со кои живеат, за жал, нашите сограѓани, за многу скоро време ќе станат минато. Заедно со Владата очекуваме силна поддршка во наредните 4 години, не се сомневам дека ќе бидат евидентни резултатите. Ќе понудиме концепт кој ќе содржи за решенија за сите проблеми на граѓаните, брзи и ефикасни, преточени во една долгорочна стратегија на градот Скопје – истакна Ѓорѓиевски.

НОВИ УЛИЦИ, ВОДОВОДИ, ГРАДИНКИ, УЧИЛИШТА… Што направија вмровските градоначалници во својот мандат?

Поврзани содржини