КОМУНАЛНА ГО ДЕМАНТИРА МИТЕСКИ Контејнерите се празнат без застој во Аеродром, возилата не можат да соберат кабаст отпад

Тие го повикаа градоначалникот на општина Аеродром да ги активира на терен инспекциските служби при општината коишто се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота.

2,711

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги демантираше изјавите на градоначлникот на општина Аеродром Дејан Митески дека ЈП Комунална хигиена-Скопјe намерно или ненамерно го запоставува одржувањето на хигиената на општината. Јавното претпријатието строго се спротиставува на изјави кои го критикуваат работењето на претпријатието.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје во сите општини на Град Скопје вклучително и општина Аеродром комуналниот отпад го собира од контејнерите и го транспортира без никаков застој  во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад  усвоена од страна на Советот на Град Скопје. Претпријатието спроведуваше и сеуште спроведува  вонредни активности за собирање на неправилно одложениот кабаст отпад. Веќе подолго време укажуваме дека кабастиот отпад: каучи, фрижидери, фотелји, телевизори, даски и друг отпад соодветен на истиот не се одложува до и околу контејнерите“, реагираат од Комунална.






Оттаму додаваат дека секој граѓанин коишто има ваков отпад е должен правилно да го одложи истиот. Тоа значи дека може да ги повика службите на ЈП Комунална хигиена-Скопје преку дежурниот телефон којшто е истакнат на нивната веб страна или да ги однесе во центарот за селекција на отпад и да го одложи бесплатно.

„Уште еднаш апелираме до граѓаните одложувањето на комуналниот отпад да се врши соодветно – во контејнерите, а не до и околу нив со што ќе влијаеме на заштита на животната средина и ќе се избегне создавање на сметишта и диви депонии до контејнерите“, велат од претпријатието.

Тие го повикаа градоначалникот на општина Аеродром да ги активира на терен инспекциските служби при општината коишто се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота.

„Ваквите проблеми треба да се решаваат  едукативно, но и со примена на казни за несовесните граѓани коишто како последица на нивната несовесност се соочуваме со проблеми кои влијаат на здравјето на сите граѓани“, се вели во демантот.

„АЕРОДРОМ КАКО ДА Е ЗАБОРАВЕНА ОД КОМУНАЛНА“ Митевски не сака да верува дека директорот и Арсовска ја саботираат општината

Поврзани содржини