🎥 КОМУ „СЕЧЕЛЕ СТОМАК“, А КОЈ Е НЕОДЛУЧЕН Ковачевски и Мицкоски влегоа во клинч за францускиот предлог

1,700

Претседателите на СДСМ, Димитар Ковачевски и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва ги спротиставуваат ставовите во првата ТВ дебата „Дуел за Македонија“ на Канал 5 телевизија.

Несоменена е европската иднина за Македонија, истакна Мицкоски, но таа е во рацете на Европската унија.






– За да преговараме за влезот во ЕУ тоа мора да е врз  основа на вистински вредности и на Копенхашките критериуми. Но нема да дозволам да се дооведам во ситуацијата како од сликата од авиончето на владата на СДСМ од 2018 година. За вистински да преговараме потребно е да имаме партнер од другата страна – истакна Мицкоски на прашањето, дали владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе отвори преговори со ЕУ.

Тоа што се случи во периодот кога Ковачевски, Спасовски и на Пендаровски и останатите во владата го прифатија, беше нешто кое што граѓаните најмалку го очекуваа, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

– На тој начин не само што ја понижија Македонија и не само што ја ставија во подредена положба, туку и се обидоа да манипулираат со свеста и интелигенцијата на граѓаните гледајќи ги во очи и лажејќи ги и како свесно да работеа за интересите за Бугарија и сега го заглавија евроинтегративниот пат на Македонија – рече Мицкоски во „Дуел за Македонија”во однос на францускиот предлог.

Мицкоски посочи дека како ВМРО-ДПМНЕ  јасно и прецизно кажале дека ова вака како што е конципирано за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо и  дека уставни измени под бугарски диктат нема да има.

– Еве јавно го кажувам и директно го гледам господинот Ковачевски во очи и му кажувам дека нема да има, под овие услови, промена на Уставот  – рече Мицкоски.

Ковачевски рече дека се чувствувал како да му го сечеле стомакот додека траеле мачните преговорите околу  францускиот предлог, а на Мицкоски му порача дека негова карактеристика е неодлучноста, а не загриженоста за индината на Македонија.

– Кога преговарате со Бугарија, Франција и со други држани, а на маса е македонскиот идентитет, тогаш тие преговори треба да се сведат на малцински прашања. Тие преговори беа како некој со нож да ви го сече стомакот. Со неносење одлуки, државата стагнира. Европскиот предлог е најдобриот предлог што државата можеше да го добие и сега се преговара со Европската Унија – рече лидерот на СДСМ на телевизискиот дуел на телевизија Канал 5.

 

Поврзани содржини