Да почнеме со „главата на семејството“, кој живее тука?

Референтно лице во домаќинството е првото лице (државјанин на РС Македонија), кое прво се самопопишува и апликацијата автоматски му ја доделува шифрата 01/статус референтно лице.

2,858

На социјалните мрежи во последните неколку дена се појавија лавина од коментари поврзани со едно од прашањата од пописниот прашалник кое се однесува на Односот на лицето на кое се води домаќинството/Референтното лице.

Повеќемина го протолкуваа ова како избор на „глава на семејството“, за што велат дека е глупаво и дискриминаторски семејството да се води на едно лице. Освен тоа, јавноста се прашува кому и за што му е потребен таков податок и дека станува збор за чиста глупост.






Во Упатството за пописот, кој треба да почне во април во земјава, а е објавено од страна на Државниот завод за статистика се вели дека Референтно лице во домаќинството е првото лице (државјанин на РС Македонија), кое прво се самопопишува и апликацијата автоматски му ја доделува шифрата 01/статус референтно лице. Лицата кои сами престојуваат во странство и претставуваат самечко домаќинство, задолжително ја добиваат шифрата 01.

Прашањето Однос кон лицето на кое се води домаќинството/референтното лице се однесува на релациите помеѓу референтното лице (првопопишаното лице) и лицата членови на домаќинството кои се попишуваат.

За ова прашање побаравме одговор од директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој ни одговори дека ова прашање отсекогаш било дел од пописите во нашата земја и дека воопшто не е дискриминаторско или е нешто што е сега воведено.

– Реферетно лице може да биде кој било полнолетен член од домаќинството и не мора да значи дека тоа е лицето на чие име е куќата/станот во кој живеат. Тоа е лицето кое ќе биде првопопишано и се користи чисто да се спроведе релација или однос со останатите членови и во каква врска се, пример, мајка, татко, син, сопруга, дете и слично. Не гледам ништо збунувачко во ова прашање и сѐ е објаснето во Упатството за пописот – ни одговори Симовски.

Тој додава дека ова прашање е дел од сите пописи, не само кај нас, туку и сите земји во светот го имаат во своите пописни листови и служи за одредување на релациите на референтното лице и лицата членови на домаќинството кои се попишуваат.

Поврзани содржини