Фотографии на поранешниот американски претседател Бил Клинтон како го масира девојка, која е жртва на педофилот Џефри Епштајн се објавени денес во странските медиуми.
На фотографиите се гледа 22-годишната Шонтаи Дејви, како го масира Клинтон додека тој се насмевнува.
Фотографиите беа објавени пред говорот што треба да го даде Клинтон денес во поддршка на демократот Џо Бајден во претседателската трка.
Клинтон, тогаш 56 години, се пожалил на вкочанет врат откако заспал во приватниот авион на Епштајн на хуманитарно патување во Африка во 2002 година.
Осомничената „мадам“ Гислејн Максвел, која е обвинета за трговија со луѓе, наводно и дала инструкции на Дејви во неколку наврати да го масира Клинтон.
Дејви тврдеше дека Епштајн ја силувал неколку пати, а исто така наведе дека Клинтон бил господин на патувањето.
Епштајн и Максвел, како и други познати личности, се придружија на Клинтон на неговиот пат за Африка во септември 2002 година. Тоа беше проект на „Фондацијата Клинтон“ за подигање на свеста за сиромаштијата и СИДА-та на континентот.
Постои фотографија на која Клинтон и Максвел позираат пред авионот.
Џeфри Епштајн изврши самоубиство во затвор минатиот август.
EXCLUSIVE: ‘Would you mind giving it a crack?’ Clinton leans back and smiles while receiving neck massage from Epstein victim https://t.co/wtWwgLa2CX
— Daily Mail US (@DailyMail) August 18, 2020