КОМПЛЕКС КОЈ ЌЕ ЈА РАЗУБАВИ СЛИКАТА НА ЦЕНТАРОТ Гранд Скопје повторно е главен спонзор на Конференцијата за недвижности во Скопје
Гранд Скопје ќе ги претстави најновите трендови и перспективи за развој на пазарот на недвижности на втората Конференција за комерцијални недвижности, која ќе се одржи утре, 22 мај, во Скопје.
Посветеноста на поттикнување на развојот и иновациите на пазарот на недвижности, не само во Македонија туку и на меѓународно ниво, е главниот мотив за Гранд Скопје и оваа година да биде главниот спонзор и поддржувач на Конференцијата. Преку своите експерти и претставници, инвеститорот МГ Фешн ќе ја претстави својата успешна приказна со фокус на комплексот Гранд Скопје.
Во рамките на Конференцијата, претставниците на компанијата ќе учествуваат на две панел-дискусии, и тоа панел-дискусијата „Урбанизација и урбанистичко планирање“ која е и директно поддржана од Гранд Скопје, како и на панелот „Бизнис згради“.
На првата панел-дискусија ќе говори Леонид Антиќ, член на Управниот одбор на Гранд Скопје, кој ќе ги претстави спецификите на комплексот, нагласувајќи како современото урбанистичко планирање придонесува за долгорочниот развој на Скопје.
– Станбено-деловниот комплекс Гранд Скопје има за цел да ја трансформира урбаната слика на центарот на градот, одговарајќи на потребите на граѓаните за квалитетен градски живот. Токму затоа овој комплекс е добар пример за современо урбанистичко планирање, па оттука и симболично, го позиционираме како главен поддржувач на оваа тема во рамки на конференцијата – изјави Антиќ.
Тој додаде дека во рамките на комплексот е планиран и нов урбан парк со површина од околу 7.500 м², приближно колку плоштадот Македонија, кој ќе понуди разновидно зеленило, инспирирано од светските урбани паркови.
– Главна водилка при урбанистичкото планирање на паркот беше задоволувањето на потребите на заедницата, што говори за фактот дека токму овој парк е еден од клучните аспекти кој ќе ја трансформира урбаната средина во рамки на комплексот Гранд Скопје, но и на централното градско подрачје. Тука жителите и посетителите ќе можат да уживаат во оаза на мир среде динамичниот градски пејзаж – објасни Антиќ.
На панел-дискусијата „Бизнис згради“ ќе говори Илија Божиновски, главен архитект и директор на МГ Фешн кој ќе ги сподели најновите трендови и искуства во справувањето со предизвиците кои се појавуваат во одговор на променливите потреби на современите компании.
Преку своето богато искуство како реномиран архитект, во рамки на оваа панел-дискусија тој ќе го пренесе искуството и на МГ Фешн во проектирање деловни згради, дискутирајќи за иновативни решенија и стратегии кои можат да го унапредат целокупното деловно работење.
Конференцијата за недвижности е одлична можност директно во Скопје да се презентираат меѓународните искуства и да се покаже дека и концептот на Гранд Скопје како „Ново обележје на градот“ го следи овој развоен пат.