КОМПАНИИТЕ ИМААТ 8.059 СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА Се бараат рудари, продавачи и угостители
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,66 %.
Во второто тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места е 1.62 %, односно нивниот број изнесува 8.059, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,33 % има секторот „рударство и вадење на камен“, додека најмала е стапката во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ во кој изнесува 0,25 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,25 %.
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,66 %.
Најголем број слободни работни места, односно 2. 688, има за работници во услужни дејности и продажба.