КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН Е ДЕЛ ОД НАЈУСПЕШНИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛОВЕН СВЕТ Освои 3 признанија и награди

3,186

Проектот „Бизнис лидер“ чиј главен фокус е да им оддаде признание, да ги инспирира и поврзе бизнис лидерите, претприемачите, инвеститорите и иноваторите, го прослави успехот на македонските компании кои придонеле за економскиот раст и развој на државата, истакнувајќи ги успешните приказни и нивните достигнувања за 2023 година.

Корпорацијата „ЗЕГИН“ се здоби со 3 признанија и награди: Зегин ДОО Скопје е избран за лидер во категоријата „Трговија на големо со фармацевтски производи“, а Зегин Фарм и Моја аптека се избрани за лидери во категоријата „Аптеки“.






Целта на проектот е да го поттикне развојот и зајакнувањето на позитивна деловна клима преку промоција на висока деловна пракса на најголемите и најпрофитабилните компании, како и најголемите работодавачи.

За секоја компанија претставува чест и гордост да биде препознаена како визионерски бизнис лидер чиј извонреден придонес има значително влијание во индустријата.

Поврзани содржини