Компанијата „Сингулар“ е нов спонзор на РК „Вардар 1961“
Наша цел е паралелно со растот на „Singular“, да продолжиме да градиме доверба и поддршка за раст на културата за спорт во нашата држава, изјави Дарко Гацов, ко-основач на „Singular“.
„Singular“, компанија за софтверски решенија, е новиот спонзор на ракометниот шампион на Македонија и двократниот Европски првак.
Натпреварот помеѓу РК „Вардар 1961“ со „Војводина“ кој се одигра во четвртокот на 28 јануари ја отвори јубилејната 10. сезона на СЕХА Газпром лигата, а веќе се објавени и датумите за следните натпревари.
Ракометниот шампион на Македонија излезе на терен со нов дрес на кој видливи се имиња на нови спонзори испишани на двете страни од дресот. За прв пат, меѓу компаниите кои се доминантно од банкарскиот сектор гледаме и лого од една компанија од ИТ индустријата. Се работи за компанијата „Singular“ која работи на развој на софтверски решенија за спортско кладење и игри на среќа во дигиталната сфера.
Името на компанијата „Singular“ во последниве неколку години беше споменувано во медиумите за нивниот меѓународен успех и добиени бројни признанија за иновативен софвер и висок комерцијален успех.
– РК „Вардар“ е клуб кој со своите спортски остварувања е постојана мотивација не само во спортот, туку и надвор од него, вистински пример како преку труд и дисциплина се стигнува до успехот. Се надеваме дека нашата поддршка ќе помогне за понатамошен раст на клубот и нови достигнувања кои се од големо значење за спортот во нашата земја. Како бизнис кој е тесно поврзан со спортските настани, ни претставува големо задовоство да бидеме дел од оваа успешна приказна. Наша цел е паралелно со растот на „Singular“, да продолжиме да градиме доверба и поддршка за раст на културата за спорт во нашата држава – изјави Дарко Гацов, ко-основач на „Singular“.
РК „Вардар 1961“ ја забележа и втората победа од СЕХА лигата против „Нексе“ во понеделникот, а веќе на 04.02.2021 екипата патува во Порто, Португалија, каде ќе го одигра натпреварот со истоимената екипата. Следен натпревар во СЕХА лигата е закажан за 27 февруари каде се среќаваат РК „Мотор Запорожје“ и РК „Вардар 1961“.
РК „Вардар“ е најдоминантен клуб во македонскиот ракомет со пет триумфи во регионалната СЕХА Газпром лига и и единствен машки клуб во Македонија што два пати ја има освоено ЕХФ лигата на шампионите во период од три години.