КОМПАНИЈАТА АЛИ БАБА ГРАДИ ПОДРУЖНИЦА ВО НИШ Србија и Кина го јакнат железното пријателство
Ова би можело да биде базата на Кина. Кинеските компании работат тука. Хангжу е исто така седиште на кинескиот гигант „Али Баба“ и една од идеите е овој гигант на глобалната онлајн трговија да изгради логистички центар во Ниш, изјави градоначалникот на Ниш откако градот потпиш меморандум со кинескиот град Хангжу.
„Али Баба“, една од најголемите компании за онлајн трговија гради логистички центар во Ниш, пренесуваат српсите медиуми.
Претставникот на кинеската делегација, Ванг Жанџијао, изјави дека ова е уште една потврда за железното пријателство меѓу двата народа и продолжувањето на процесот „Еден појас, еден пат“, во кој Србија е важен фактор.
Градот Ниш потпиша Меморандум за разбирање за пријателска размена и соработка со кинескиот град Хангжу.
Според градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, потпишаниот меморандум се темели на писмото за намери за зајакнување на Дигиталниот пат на свилата потпишано во 2018 година.
– Ова би можело да биде базата на Кина. Кинеските компании работат тука. Хангжу е исто така седиште на кинескиот гигант „Али Баба“ и една од идеите е овој колос на глобалната онлајн трговија да изгради логистички центар во Ниш – рече Павловиќ.