📽️ КОМПАНИЈА ВРАБОТИ МАЧКА КАКО „МЕНАЏЕР ЗА ЕМОЦИОНАЛНА ПОДДРШКА“ Мјаурисио стана хит на социјалните мрежи

На мачката ѝ беше дадена лична карта со фотографија и работно место, додадена на списокот на овластен персонал и доби униформа, портокалов елек и син шлем, прилагодени на неговата големина.

139

Портокаловата мачка по име Мjаурисио стана еден од омилените „вработени“ во мексиканска компанија специјализирана за геотехничко инженерство, откако работниците ја спасија од улица и симболично ја ангажираа како „менаџер за емоционална поддршка“.

Вработените во Геотест ја пронајдоа исцрпената мачка во близина на седиштето на компанијата и одлучија да му обезбедат засолниште, храна и ветеринарна нега, објавува мексиканскиот весник „Ел Хералдо де Мексико“.






По прегледот, беше утврдено дека мачката е машко, а потоа му беше дадено името Мјаурисио и „работа“ во компанијата.

На мачката ѝ беше дадена лична карта со фотографија и работно место, додадена на списокот на овластен персонал и доби униформа, портокалов елек и син шлем, прилагодени на неговата големина.

Во едно од видеата на социјалните мрежи, може да се види како „потпишува“ договор за вработување со отпечаток од шепа.

Според шеговитите услови на договорот, Мјаурисио почнува со работа „кога ќе се разбуди“, ја завршува смената „кога ќе му здодее“, има право на најмалку седум дремки дневно, паузи за истегнување и време за „гледање во ѕидот без посебна причина“.

Меѓу „бенефициите“ се фонд на храна во гранули, картичка за залихи за мачки, како и годишен бонус и одмор.

Описот на работното место вклучува „следење на пристапот со нежен поглед“, „инспекција на кеси и кутии без претходна најава“, „седење на важни документи“ и „професионално предење“, додека неговата „заработка“ се состои од внимание, разгалување и грижа за вработените.

Според вработените, приказната била замислена како гест на хуманост и начин за подобрување на атмосферата на работното место, а била дочекана со хумор и бројни позитивни коментари од корисниците на социјалните мрежи.

 

Поврзани содржини