Компјутерските програмери во декември заработиле во просек по 76 223 денари

Здравствените работници кои се борат со коронакризата во декември просечно заработиле по 35.950 денари.

2,407

И покрај коронакризата во декември лани е забележан висок раст на платите, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просекот на плати се движи во распон од 15 933 денари во заштитните и истражни дејности до 76 223 денари  исплатени во дејноста комјутерско програмирање.






На дното покрај работниците во заштитните  и истражните дејности се и платите на раобтниците во кожарската индустрија  каде што просекот на плата во декември е  16 777 денари и во производство на облека 18 184.

Меѓу нив се и платите на вработените во најпогодените сектори од коронакризата угостителството и туризмот. Просекот кај угостителите во декември бил 17 697, додека кај туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив 17 189 денари.

Овие се и просечните плати исплатени под  20.000 денари во декември. Над овој износ се исплатени најголемиот дел од просечните плати во другите дејности.

Највискои плати и во декември земале вработените во информатичката дејност и комуникациите каде што просекот на нето исплатена плата достигна 56 998 денари. Но и овде предничи просекот исплатен во  дејнсота компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности  од 76 223 денари. Во  телекомукациската дејснот, пак, просекот е  50 034 денари.

Зад нив се вработените во фармавевтските компании со просек од 47 940 денари и  финансиските дејности и осигурувањето каде што просекот е 46 795 денари. И енергетскиот сектор традиционално има исплатено високи плати . Овде просекот е 40 530.

Високи плати се исплатени и во дејности на организации врз база на зачленување каде што просекот е  40 840

Од производните сектори највисоки просеци на плати се исплатени во рударството и вадење камен  каде што просекот е  39 655. Но и во овој сектор има разлика во просекот на плати. Најниска плата во овој сектр од 21.556 денари добиле работниците кои ваделе  јаглен и лигнит,  а највисока од 40.980 денари рударите кои даделе руди на метал.

Над државниот просек од декември се  платите на здравствените работници  каде што во декември е исплатени просечна плата од  35.950 денари.

 

Поврзани содржини