КОМОРА НА ИДНИНАТА Од прва рака ќе се учи како да се биде бизнис лидер

За прв пат, новиот концепт ги вклучува и стартапите кои ќе се поддржуваат не само преку учење на вештини, туку и преку финансирање на добри идеи кои ќе бидат поврзани со форуми на инвеститори.

428

Со конституирањето на четири нови совети завршува просецот на суштинска трансформација на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) наречен „Комора на иднинатаво пресрет на 100-годишнината од нејзиното постоење.

Д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора на Северна Македонија и проектен менаџер за развој на Советите за „Фокус“ појаснува дека се анимирале неколку стотини нови бизнисмени и научни работници коишто ја прифатиле понудата да се придружат кон овие совети и на тој начин да помогнат на сите, на компаниите, на Комората, и на државата во градењето на иднината.






Со овој концепт на функционирање на Советот за високо образование и стратешки истражувања му помагаме на стопанството и овој модел не е замена за високото формално образование, туку со него ќе се настојува преку практична настава да се создаваат лидери, да се зголемат вештините за водење бизнис – појаснува за „Фокус“, Георгиева Јовевска.

Таа додава дека за прв пат, ваквиот концепт ги вклучува и стартапите кои ќе се поддржуваат не само преку учење на вештини, туку и преку финансирање на добри идеи кои ќе бидат поврзани со форуми на инвеститори.

Поврзани содржини