„КОМНЕНОВИЌ Е ЧОВЕК НА ЗАЕВ, ТЕНДЕРАШ СО ИСКУСТВО“ Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кандидатот на СДСМ ја исцедил општина Чучер Сандево
Ете, тоа е сè што треба да знаете за СДСM, Филипче и Комненовиќ. Ја украдоа општината Чучер Сандево, па сега бараат без срам од граѓаните уште 4 години за истото, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
Чучер Сандево е уништена и упропастена општина, благодарејќи на Сашко Комненовиќ кој е човек на Зоран Заев и работи по неговите постапки, тврди ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
Според ВМРО-ДПМНЕ, дел од кандидатите за градоначалници од СДСМ за претстојните локални избори се соработници на Заев.
„Комненовиќ е повторно кандидат за градоначалник во Чучер Сандево, благодарејќи на Заев и на неговите тендери со Компанијата Димовски која е блиска до СДСМ и Филипче.
СДСM, Филипче и Комненовиќ, ја исцедиле општината преку тендери и набавки, за дел од работи кои биле и дел кои не биле потребни.
Во Чучер Сандево, за обичен спортски терен кој да речеме во Бутел чини 2,2 милиони денари, во Чучер Сандево благодарејќи на СДСM, Филипче и Комненовиќ истиот тој терен чини 4,7 милиони денари, а изведувач секако е Компанијата Димовски.
Ете, тоа е сè што треба да знаете за СДСM, Филипче и Комненовиќ. Ја украдоа општината Чучер Сандево, па сега бараат без срам од граѓаните уште 4 години за истото.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.