Комисијата за заразни болести утре решава дали ќе бидат затворени границите со Србија и Косово

Причина за ваквата најава е состојбата со коронавирусот во двете земји.

618

Комисијата за заразни болести на утре ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји, соопшти Министерството за здравство.

Причина за преиспитување на одлуката за отворање на границите, како што се наведува во соопштението е развојот на ситуацијата со коронавирусот во регионот.






„Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во земјата“, стои во соопштението.

Се очекува, меѓутоа, да се дозволи транзит на луѓе и стоки кон трети држави како во претходниот период со ограничување од најмногу 5 часа во рамките кои треба да се реализира транзитот.

Поврзани содржини