Комисијата за заразни болести одлучи да ги продолжи рестриктивните мерки за една недела

817

Рестриктивни мерки ќе продолжат уште една недела поради непредвидливоста на вирсуот и се уште високата трансмисија, одлучила Комисијата за заразни болести, информира Канал5.

Според изворите, наредниот понеделник ќе има повторно заседавање на комисијата за заразни болести каде што повторно ќе се разгледува епидемиолошката ситуација, па согласно состојбата и ќе се одлучува, а на тој состанок тема ќе бидат и мерките кои што ќе бидат на сила за претстојните празници.






Угостителските објекти остануваат затворени за гости, и ќе продолжат само со достава, обложувалниците и понатаму ќе работат со едно-шалтерски систем, а под клуч остануваат фитнес центрите. На сила останува и полицискиот час од 20 до 5 часот наутро.

 

Поврзани содржини
na