Комисијата за заразни болести ќе предложи кога ќе бидат отворени границите
Владата ќе преговара и со соседите и земјите со ЕУ за да се утврди точниот датум на отворање на границите, рече премиерот Спасовски.
Сѐ уште не е донесена одлука за отворање на границите. Комисијата за заразни болести треба да подготви протокол и да одреди датум кога ќе можат да бидат отворени границите, рече премиерот Оливер Спасовски.
Според него , владата ќе преговара и со соседите и земјите со ЕУ за да се утврди точниот датум на отворање на границите.
– Една држава не може сама да донесе одлука за отворање на границите, зашто треба да се имаат предвид економските последици на соседите – рече Спасовски.
Спасовски рече дека до сега немало предлог отворањето на границите да биде на 1 јуни.