КОМИСИЈАТА НЕМА ВРСКА СО ПРИМЕНАТА НА БАЛАНСЕРОТ Не отстапуваме од неговото укинување, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Каква врска има изборот на Комисија на Собранието на Република Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните со примена на балансерот? АпелирамевСДСМ и Левица да престанат да манипулираат и лажат дека ВМРО-ДПМНЕ наводно се откажала од бришење на балансерот кој се покажа како алатка за манипулација на партиите кои раководат со процесот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Формирањето на Комисијата за соодветна и правична застапеност на граѓаните во Собранието нема врска со примената на Балансерот и ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од укинувањето на истиот, реагираат од партијата на соопштениja на СДСМ и на Левица.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат:
„Коалицијата СДСМ и Левица покажуваат елементарно непознавање на законите и процедурите. Каква врска има изборот на Комисија на Собранието на Република Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните со примена на балансерот?
Апелираме да престанат да манипулираат и лажат дека ВМРО-ДПМНЕ наводно се откажала од бришење на балансерот кој се покажа како алатка за манипулација на партиите кои раководат со процесот. СДСМ е партијата која делува како привезок на ДУИ и ниту едно соопштение не може да го покрие срамот од измеќарлукот на СДСМ кон ДУИ.
Воедно темата балансер е добра прилика да се види соработката која ја имаат СДСМ и Левица во ширењето на лагите против Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Наспроти овие лаги дека постои таен договор помеѓу ДУИ и СДСМ, одговорот е дека балансерот ќе се укине и тоа ветување ВМРО ДПМНЕ ќе го оствари.
И воедно оваа влада ќе се грижи за напредокот и положбата на сите заедници. Е сега вистинското лицемерие на СДСМ се гледа во одговорите на следниве прашања:
Од кога тоа СДСМ е против балансерот, или сега само по потреба се против? Што правеа 7 години претходно кога балансерот го злоупотребуваа за вработување на кадри на ДУИ во Берово и Делчево? Зошто тогаш СДСМ не се бунеше? Зошто на СДСМ му сметаат заложбите за откривање на злоупотребите на балансерот?