КОМИСИЈАТА НЕ ТРЕБА ДА ГО РЕШИ ИДЕНТИТЕТОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Пред договор е за Охридската архиепископија
Прашањето околу кое дискутираме е како да се претстави таа институција во рамки на учебниците. Остануваат разлики околу тоа кое е наследството на таа институција, нагласи Драги Горѓиев, копретседател на историската комисија.
Главна преокупација се учебниците и сакаме да ги надминеме тие забелешки за средниот век за да можеме да дојдеме многу понапред, изјави Драги Горѓеив, копретседател на мешовитата македонско-бугарска комисија, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
– Нема сериозни поместувања во дебатата околу Гоце Делчев, ниту пак има сериозни дискусии околу тоа. Ние веќе рековме дека оваа комисија не е комисија која што треба да го реши идентитетот на Гоце Делчев. Апсолутно не е работа на комисијата во својот текст да истакне некакво свое видување за идентитетот на Гоце Делчев. И тоа нема ниту да се случи, бидејќи ако ние го славиме Гоце Делчев, тогаш славењето на таа личност треба да биде на други основи и на други вредности, а не дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин – рече Горѓиев.
Тој рече дека комисијата е пред договор за прашањето околу Охридската архиепископија, што е забелешка на бугарската страна за учебниците по историја за основно образование. Георѓиев очекува историчарите на двете страни да се договорат на следната или понаредната средба.
Како што рече Георѓиев, бугарската страна инсистирала да се нагласи потеклото на Охридска архиепископија, додека македонските историчариле инстистирале на нејзино претставување како суштински дел од културниот развој на Македонија.
– Прашањето околу кое дискутираме е како да се претстави таа институција во рамки на учебниците. Остануваат разлики околу тоа кое е наследството на таа институција – нагласи копретседателот на историската комисија.